Радио Милева повеќе од се*с

Лени Кравиц девет години не бил интимен со жена, а тоа ќе остане така додека не ја најде вистинската (фото)

Лени Кравиц девет години не бил интимен со жена, а тоа ќе остане така додека не ја најде вистинската (фото)

За американската рок ѕвезда Лени Кравиц одамна се зборува дека е во целибат, а сега во очи на концертната турнеја тој за медиумите откри дека веќе девет години е во целибат, а тоа ќе остане така се додека не ја најде вистинската со која духовно би се поврзал.

Имено, пред објавувањето на новиот албум, рок ѕвездата во интервју за „The Guardian“ откри детали за приватниот живот. Тој објасни дека воздржувањето од секс не е само избор на начин на живот, туку духовна работа.

„Станав многу цврст во моите патишта, во начинот на кој живеам“, изјави Кравиц.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lenny Kravitz (@lennykravitz)

Инаку, Лени Кравиц важи за еден од најголемите заводници во светот на шоубизот, а покрај тоа што беше во брак со актерката Лиза Бонет, тој беше свршен со Адријана Лима и Никол Кидман.

Тој признава дека неговата одлука да биде во целибат потекнува од желбата за сериозна врска. Тој откри како неверството на неговиот татко Сај Кравиц влијаело на неговиот поглед на врските.

“После бракот станав повеќе како него. Станав “играч”. Не ми се допадна тоа. Не сакав да бидам тој тип. Затоа морав да се справам со тоа и ми требаа години”, објасни тој.

Според странските медиуми, гласините за неговиот целибат се појавиле уште во 2005 година, а наводно сето тоа траело до 2008 година. Но, музичарот тоа го негираше и рече дека за целибатот почнал да размислува дури во 2008 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lenny Kravitz (@lennykravitz)

„Од оваа позиција во која се наоѓам во животот, според мене жените мора да имаат нешто друго, не само тело, туку ум и дух“, вели тој.

Оваа посветеност на личниот развој и дисциплина му овозможи на Кравиц да се фокусира на себе, создавајќи граници и одржувајќи го својот живот. Во врска со ова, започнува неговото ново поглавје, бидејќи сега издаде нов албум насловен „Blue Electric Light“, а во рамките на турнејата по тртпат доаѓа во Македонија, односно во Охрид на 4-ти Август.

фото: Instagram printscreen/ lennykravitz

To top