Радио Милева вљубена „до уши“, пис на јазик...

Кристина Димитри повторно „распали“ по бившиот сопруг Даниел Кајмакоски: „Тој живее живот за да ми се докажува на мене, ако не си го сака првото, нема да го сака ни второто дете” (ВИДЕО)

Кристина Димитри повторно „распали“ по бившиот сопруг Даниел Кајмакоски: „Тој живее живот за да ми се докажува на мене, ако не си го сака првото, нема да го сака ни второто дете” (ВИДЕО)

Долго тврдеше дека е сингл, дека по разводот од пејачот со „Х – фактор“ да биде „соло играчица“ и е многу подобро и дека исклучиво е фокусирана на кариерата, а не на љубовта, Кристина Димитри не додржа! Од мноштвото додворувачи расната тетовка падна на шармот на српската престолнина или поточно на новото момче, кое е токму по потекло од Србија!

И додека љубовта наголемо ја покажува, раскажува и нашироко ја рекламира, неговиот лик и идентитет  ги крие „како змија нозете“. Но затоа не крие да биде „убиствено отровна“ кога некој ќе и „згазне на опашката“. Очигледно „Ахилова петица“ и понатаму и е бившиот сопруг, пејачот Даниел Кајмакоски, па најранлива и најраздразлива е токму кога ќе падне муабет за него. И додека минатиот пат од „магазинот од зад сцената“ ја запрашаа како го коментира стапувањето во брак на Кајмакоски со сегашната сопруга Марина, Кристина Димитри како поента на муабетот ја цитираше познатат српска поговорка: „Нашла крпа закрпа“!

Зборови на сметка на „(не)грижливот“ биолошки родител на нејзинот дете не штедеше ниту при гостувањата во некои поткасти каде, Кристина децидно ќе изјави: „Даниел не е татко, мојот брат е татко на син ми“!

Кајмакоски пак, откако го доби своето второ дете, прво во новиот брак, Кристина долго молчеше не коментирајќи го, не барем јавно, новиот брачен живот на бившиот сопруг и воедно биолошки татко на нејзиното синче Давид.

Максимално посветена на кариерата, на пеењето, снимањето нови песни и спотови и настапите, атрактивната тетовка само повремено јавно се занимаваше со сопствениот живот и животот на своето семејство, но не и на оној на некогашниот сопруг! Освен можеби во понекој стих од нејзините нови песни, кој во себе носи скриена порака упатена токму на оној кому најмногу би сакала да му ја упати… „Ми го е*а денот“ како асоцијација на првиот брак?!

Или можеби во изјавите од типот: „Белград, тоа е сепак мојот среќен град“ – Кристина ќе сака да порача дека својата иднина, и приватна и професионална ја гледа токму таму?До душа Белград како судбина е и на нејзиниот претходен животен сопатник… Можеби оттаму и мотив повеќе за пејачката целосно да се пресели и проба естрадно да ја освои и српската престолнина?

И така се’ до најновата средба со камерата на „Бекстејџ“, каде Кристина одново ја отвори душата. Можеби вљубена „до уши“, ама и тоа како пис на јазик… Пејачката „не штедеше“ зборови, па одново „распали“  по бившиот сопруг.

Овој пат со арсенал од уште потешки обвинувања и констатации, кои предизвикаа бурни реакции… Едни  зашитнички се ставија на нејзина страна како мајка, други во одбрана нивниот Х-фактор идол… Кој кому му помил и подраг! Без оглед кој подобро се развел!

Самиот Кајмакоски досега за некогашната жена и пропаднатиот брак со неа јавно не се изјаснил… Освен онаа „епизода“ со труењето, каде иако не даде изјава за медиумите и директно не ја обвини, индиректно прстот беше вперен во кафе пиењето со бившата сопруга! И толку… Оттогаш Даниел со „патент на устата“, а Кристина по повеќе од една година, со нова канонада „тешки зборови“ подготвена ако треба и да ја плати цената, повторно кажани во „магазинот од зад сцената“.

„Ако не си го сакаш првото, не можеш да го сакаш ни второто дете и мислам дека живее живот за нешто да ми се докажува мене, што мене ми е навистина многу тажно, затоа што едно дете секогаш ќе се прашува зошто мојот татко е таков?  Јас откога го знам доживував само лоши работи и сплетки, но мислм дека никој не може да биде толку моќен да ти наштети колку што Господ ти ги отвора вратите кога си праведен, така да…“ – е само дел од интервјуто на Кристина Димитри за „Бекстејџ“ кое премиерно ќе биде емитувано денес, четврток, 28 март 2024 год. во 17:50 часот на ТВ Телма.

Фото: Инстаграм/kristina.dimitry/ YouTube  preentscreen

Видео: Инстаграм/velkovsneze/backstage_macedonia

To top