Мегафон

Концерт по повод 30 години дипломатски односи меѓу Македонија и Шпанија

Концерт по повод 30 години дипломатски односи меѓу Македонија и Шпанија

По повод 30 години дипломатски односи помеѓу Шпанија и Македонија, на 4 јуни (вторник) во Камерната сала на Филхармонија со почеток во 20 часот, пијанистот Дино Имери и диригентката Дијана Имери Илкоска, ќе одржат концерт на кој ќе бидат изведени дела што ја отсликуваат македонската и шпанската музичка култура.

Заедно со македонските реномирани уметници, на концертот ќе настапи и Камерниот оркестар „ID Chamber Orchestra“, а ќе бидат изведени дела од: Томислав Зографски („Суита“ за пијано), Вања Ѓумар Николовски („Macedance“), Дијана Имери Илкоска („Корени“ за виолина и пијано), Дамир Имери („Пајдушко“), Мануел де Фаља („Ритуалниот танц крај огнот“), Фредерик Момпу („Песни и танци“ бр.3 и „Младите девојки во градината“ од „Сцени од детството“) и Исак Албенис („Шпанска рапсодија“ за пијано и оркестар). Некои од делата ќе доживеат скопска и светска премиера.

Всушност, познатата „Шпанска рапсодија“ од Албенис, ќе ја доживее светската премиера на целосно нов аранжман на Дијана Имери Илкоска, додека делото „Macedance“ на Вања Ѓумар Николовски, кое е посветено на нашиот „волшебник на пијаното“ Дино Имери, ќе ја доживее скопската премиера. Исто така, со делото на Томислав Зографски, ќе се одбележат 90 години од раѓањето на овој влијателен македонски  композитор. Како гостин на концертот ќе се претстави македонскиот истакнат виолинист Бојан Илкоски, во изведба на делото „Корени“.

Овој концерт претставува импресивна фузија од дела во кои е вткаен

To top