Радио Милева непозната личност

„Кој и да го прави тоа јавно го опоменувам“: Елена Ристевска жртва на сајбер измама – „Воедно не сум само јас“ (фото) 

„Кој и да го прави тоа јавно го опоменувам“: Елена Ристевска жртва на сајбер измама – „Воедно не сум само јас“ (фото) 

Македонската пејачка Елена Ристеска  е уште една жртва на сајбер измама.

Пејачката јавно ја опомени непознатата личност која објавува лажни информации да престане да го прави тоа бидејќи ќе го тужи за сајбер криминал, поради тоа што шири невистини пред нејзините пријатели и следбеници на Фејсбук.

– Кој и да го прави ова јавно го опоменувам да престане да објавува лажни информации и монтирани слики пред да го тужам и пријавам во сајбер криминал во МВР!!! Кликнете „report“ ако го видите на Фејсбук! – напиша пејачката.

 

Имено, некој го злоупотребил нејзиното име и презиме како и две нејзини фотографиии корегирани во фотошоп, кое таа откако го забележала тоа се вознемири, веднаш реаѓираше и сподели на социјалните мрежи.

Но да се заработат пари со ваква измама не е прв пат, а ниту Елена е прва чие име и лик се злоупотребува за да се направи ваков фалсификат. И пејачката  потенцираше дека не само таа се нашла во ваква ситуација туку дека ова им се случува и на многумина.

Како пример ги сподели двете познати македонски личности, пејачката Каролина Гочева и Катарина Ивановска.

– Воедно не сум само јас … напиша Елена и ги тагна на објавата.

 

фото: print Screen/Instagram/elenaristeska_era

To top