Пејачот Аца Лукас има четири деца.
Со Соња Вуксановиќ ја доби ќерката Викторија, која е негова најмлада наследничка.
Пред бракот со Соња, Лукас имал три деца – два сина Андреј, Лазар и ќерката Миљана. Заедничко за сите нив е тоа што не сакаат претерано да се експонираат во јавноста.
Најстариот наследник на Аца Лукас, Лазар Вуксановиќ, денеска е оженет и го има синот Вуксан, кој се крсти во манастирот Острог.
Се пишуваше дека Лазар работел како возач во Гранд, а Аца потоа го вработил како приватен возач.
– Лазар е многу добро момче и веќе работеше како возач во „Гранд“. Беше одговорен, точен и секогаш возеше совесно. Сите го пофалија што не е арогантен. Тој само молчеше и работеше. Подоцна се вработил во такси здружение, а сега ќе работи кај татко му. Тој е многу вреден и воопшто не го користи тоа што татко му е Аца Лукас – изјавил изворот пред неколку години. Помладиот син на Аца Лукас, Андреј Вуксановиќ, извесен период се занимавал со музика, а потоа го баталил пеењето.
Со години живеел со мајка му Наташа во Германија, а потоа дошол во Белград каде се вљубил. Андреј на Инстаграм еднаш се пофали со тетоважата што ја направи на раката, а која го носи ликот на неговиот татко Аца Лукас.
Во една прилика помалиот син гостуваше во емисијата Амиџи со Аца, а потоа играа игра за тоа колку добро се познаваат. Андреј во таа прилика откри дека ја изгубил невиноста на 15 години.
foto: Printscreen/Instagram/vuk.lazar/aleksandar_vuksanovic_official