Радио Милева прородно издание

„Кога знаете дека не треба ништо да покривате“: Снеже Велков без шминка со свеж изглед

„Кога знаете дека не треба ништо да покривате“: Снеже Велков без шминка со свеж изглед

Познатата ТВ водителка Снеже Велков, знае да се израдува на пролетното сонце, а со промената на времето таа одлучи да внесе и пролетна промена кај себе.

Имено, Снеже за еден неодамнешен настан кој што го водеше откри дека си дозволила да замине без шминка, во прородно издание само со маскара на очите.

„ Да признаам дека прв пат ми се случи на настан кој го водам да се појавам без фул шминка. Имав само маскара на очи. Чувството кога знаете дека не треба ништо да покривате….“ – гордо напиша познатата македонска ТВ водителка.

Она што се забележа на фотографијата што таа ја сподели е дека се одлучила и за друга промена, а тоа е периката со која се појавила и со која го смени изгледот.

Таа се заблагодари за можноста да изгледа поинаку и сподели видео од подготовката.

„Благодарам на можноста да изгледам поинаку“.

Така Снеже и  овој пат ги инспирираше следбениците да си дозволат малку свежина во изгледот или фризурата. Но, со овој нејзин  потег покажува дека природниот шарм секогаш победува.

 

Foto: print screen/Instagram/velkovsneze

To top