Радио Милева ден за (про)слава...

Кога Спенџарска слави роденден, не мора никој да знае… освен сите што ја знаат и лично познаваат (ВИДЕО)

Кога Спенџарска слави роденден, не мора никој да знае… освен сите што ја знаат и лично познаваат (ВИДЕО)

Роденден е денот што  го чекаме цела година… Особено кога сме деца, ама на родендените по се’ изгледа им се радуваат и возрасните. И тоа бетер од деца! До душа не сите, зашто кој како ја сфаќа работата дека е постар за една година. Некои разочарани што животот така бргу им минува, други пресреќни, зашто дотуркале до тука, оти некои, за жал никогаш не стигаат до нивната возаст… Како и да е, роденден е денот што треба да се прослави или барем одбележи! Па некои тоа го прават симболичо, некои бучно и ептен звучно. И ако случајно им го заборавите или на време не им го честитате или не дај Боже не им купите подарок што ќе им го направо ќефот, сте го „е*але ежот“!

Тоа најдобро го знае, а Бога ми и го демонстрира Јелена Спенџарска. Имено на ТВ водителката во неделата и беше роденден! Како што оддамна сме кажале, на дамите не им се бројат годините, ама затоа им се бројат зборовите… И евидентираат!

Особено оние, кои се поврзани со тоа како би сакала да и изгледа роденденската честитка, колку предвреме да и биде упатена, што да добие на подарок, каква да биде роденденската торта, ама и роденденската песна… И ред други нешта, кои на „ситничари“ од ваков тип им се главен трип!

Никогаш од ништо незадоволни, самобендисаните роденденски принцези, умислени дека околу нив светот се врти, па кога слават роденден божем никој не мора да знае, а всушност… Се’ на светот би дале кога сите би дознале! И оние кои само онака „од гледање“ ги знаат и оние кои лично ги познаваат!

За другото и да не правиме муабет… Зашто не можеме на ред да дојдеме збор да кажеме! Ама затоа Спенџарска мошне речито и сликовито ќе ви раскаже  што може, а што не може, што сака и очекува, а од што никако не се одрекува кога ќе дојде денот што го чека(ме) цела година!

А викендов тој ден по не е важно кој пат и дојде на Јелена!

Фото и видео: Инстаграм/jelenaspendzarska

To top