Пејачот Ненад Кнежевиќ Кнез ги раскажа деталите за непријатната ситуација што ја доживеал во Германија.
Како што тврди, поради голема забун, припадници на германската полиција го привеле и го лишиле од слобода.
Кнез ги открил сите околности на несреќниот настан во емисијата „Амиџи Шоу“ и признал дека неговиот татко морал да дојде за да го потврди неговиот идентитет.

– Тоа беше во 1994 година. Беше Ден на мртвите во Германија, бев жив, но ме уапсија затоа што изгледав како колумбиски нарко-бос. Дојдоа шест автомобили, ме врзаа и поминав два дена во затвор. Мојот покоен татко мораше да дојде од Црна Гора затоа што мислеа дека мојот пасош е лажен – рече Кнежевиќ.
Како што додаде, моментот на неговото ослободување од притвор му останал особено врежан во сеќавањето.

– Се сеќавам кога ме пуштија, низ прозорецот го видов татко ми како ми вели: „Ќе ми платиш за ова“ – рече пејачот.
фото:instagram printscreen/kneznenad







