Радио Милева претскажувачка...

Карлеуша открива уште колку ќе живее… Или барем толку планира, ама зачудувачки, не е баш нешто многу!?

Карлеуша открива уште колку ќе живее… Или барем толку планира, ама зачудувачки, не е баш нешто многу!?

Животот на Јелена Карлеуша  некако варира горе-долу… Од вивната до ѕвездите, па се до соборена на земја,  од најголема среќа до очај, но и покрај се’, тој не ја скрши. Напротив, таа е се’ посилна и подобра, па мирно и храбро сега шокирашае со изјавата колку планира или колку и преостанува  да живее. А според нејзините зборови, не баш нешто многу…

„Во мојот живот отсекогаш имало многу болка. За јавноста тоа што сум доживотна силна жена не значи дека ме повредуваат ударите. И во животот и во љубовта само јас знам да издржам и да гризам со заби, па јавноста мисли дека е нормално да напаѓам, линчувам, се изложувам на притисоци, кога се кршат моите човекови и женски права. За жал, животот толку многу ме зајакна со своите удари, толку многу се борев и приватно и професионално што сега и не сум за поинаков начин на функционирање – освен за клинч, гард и борба. Тоа е она што најдобео го знам. Посакувам досегашниот живот да не ми беше толку стресен и болен, но тоа е мојата карма. Но избрав да не се предадам. Имам само еден живот и нема да бидам жртва, имам ќерки, сакам да им бидам пример како жената се бори и победува“ – рекла Јелена која пресметала дека сепак има уште 12 ипол години квалитетен живот, бидејќи како што вели, функционални сме до 70 години.

На прашањето дали сака да каже дека и остануваат уште 25 години живот, ЈК одговорила. „Па,  не се 25. Од тие 25 години ќе спијам половина, што значи ми остануваат уште 12 години, можеби 13, можеби 15, бидејќи спијам малку, страдам од несоница. Спијам едвај два – три часа. Според моите пресметки 12 ипол години активен живот. Тоа е многу кратко време за мене. Мислам дека е време од сега па натаму да се обидам да ја најдам среќата и радоста на секој можен начин и да не се грижам се дали ќе му пречи на некој друг, ќе има ли некој што да каже за тоа, бидејќи јас имам уште 12 и пол години. Би сакал да бидам запаметена и би сакал да оставам трага“ – си ја претскажа судбината Карлеуша која пред многу години во едно интервју истакна дека не се плаши од смртта.

„Имав депресивни фази, како и сите други, но таквите моменти ми траат многу кратко. Јас сум голем борец и најдобро се борам против сопствените слабости. Не се плашам од смртта. Се плашам само да не бидам заборавена. Тоа е зошто напорно и посветено работам моето име да остане запаметено во времето кога веќе ќе ме нема. За мене оставањето белег во времето значи бесмртност и затоа мислам дека е навистина добро да се биде ЈК“ – тврдеше тогаш белградската „мала од скандала“.

Фото: Инстаграм/karleusastar

To top