Мегафон

Каменичко културно лето 2026 – три вечери култура, музика и забава во Македонска Каменица

Каменичко културно лето 2026 – три вечери култура, музика и забава во Македонска Каменица

Македонска Каменица од 26 до 28 август ќе биде центар на културните и забавните случувања во рамки на манифестацијата „Каменичко културно лето 2026“.

Во текот на трите вечери е предвидена разновидна програма наменета за сите генерации, со детски содржини, настапи на културно-уметнички друштва и музички концерти.

-На програмата се настапите на Бојан Илиевски, Тајзи, Филип Александровски со бенд, Мирза Селимовиќ, BLUE и Ацо Пејовиќ, информираа од Општина Македонска Каменица.

Посебно место во програмата како што додадоа имаат содржините за најмладите.

Во рамки на манифестацијата ќе се одржи детскиот фестивал „Ѕвездички“, а предвидени се и претставите „Жижи“ и „Биби и Боби“.

Од Општина Македонска Каменица ги повикуваат граѓаните и посетителите од регионот во периодот од 26 до 28 август да бидат дел од „Каменичко културно лето 2026“ и заеднички да уживаат во културата, музиката и забавата.

Настаните ќе се одржуваат на Градскиот плоштад во Македонска Каменица. вс/вј/

Фото: Плакат Општина Македонска Каменица

To top