Радио Милева полна со себе

„Како е така е“: Лила Филиповска откри за што ја критикуваат, па почнаа дијалог со Џамбазов (видео)

„Како е така е“: Лила Филиповска откри за што ја критикуваат, па почнаа дијалог со Џамбазов  (видео)

Лила Филиповска обожава да се фотографира и да позира, а бидејќи секогаш изгледа тип топ како што треба да изгледа една медиумска позната личност сега направи и една шега на своја сметка.

Водителката е  активна на социјалната мрежа Инстаграм каде споделува моменти од приватниот живот, патувањата и  работата, а со тоа привлекува внимание кај сите кои ја следат.

Така, Лила често е во фокусот на вниманието во јавноста, а сега откри за што сите ја критикуваат.

Имено, таа овој пат сними едно видео со позајмен глас, кое вели дека сите зборуваат за неа, дека е вообразена и полна со себе, затоа што  зборува само за себе и тоа е точно.

– „ Како е така е“ – потврди водителката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Токму поради тоа видео, се огласи и македонскиот шоумен Игор Џамбазов кој се насмеа и ја праша како не ја мрзи да го прави тоа што го прави.

Секако, Лила беше експедитивна и брзо му одговори дека кај неа важи правилото „нема одмора док траје обнова“ –   па додаде и насмеан емотикон.

Коменатарите под видеото продолжија, а можеби и некој друг ќе се препознае во овие позајмени зборови со кои водителката успеа многумина да насмее.

фото: printScreen/ Instagram

To top