Радио Милева шпекулации

Каде има чад има и оган…Чаршијата зборува и веќе знае зошто пукна бракот на Милан и Сандра Калиниќ (фото)

Каде има чад има и оган…Чаршијата зборува и веќе знае зошто пукна бракот на Милан и Сандра Калиниќ (фото)

Пријателите дознале, па го информирале актерот дека неговата сопруга била во тајна врска со сопственик на познат белградски ресторан, чие име и презиме се познати на редакциите на српските медиуми.

Уште се зборува за разводот на Сандра и Милан Калиниќ, а на површина излегуваат помалку познати детали.

Како што се пишуваше, двајцата решиле спогодбено да се разделат по осумнаесет години брак и да тргнат по својот пат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by kalinic.milan72 (@kalinic.milan72)

Официјално не е позната точната причина за разводот, а се шпекулира дека на Сандра и пречел опуштениот живот на Милан, но тоа не е потврдено.

Јасно е дека во бракот настанал нерешлив проблем, па Милан се преселил кај мајка му. Недолго потоа Сандра запознала нов партнер, па го продолжила животот на свој начин, пишуваат српските медиуми.

За разлика од неа, Милан моментално е без партнерка.

фото: Instagram printscreen/ kalinic.milan72

To top