Водителкаа Јована Јеремиќ секогаш привлекува внимание каде и да се појави, а нејзините стајлинзи често предизвикуваат бура од реакции на социјалните мрежи.
Нејзините провокативни стајлинзи веќе станаа редовни во Утринската програма на телевизија Пинк, а неодамна облече лелеав фустан во розова боја, кој го истакна нејзиното деколте.
Јована често истакнува дека никогаш не се подложила на пластични операции, вклучително и зголемување на градите, кои, како што вели, се сосема природни и со гордост ги истакнува.
Во описот таа само накратко напишала:
– Еден обичен ден во Белград, состанок…
View this post on Instagram
Да потсетиме, Јована со недели го усовршува англискиот јазик за да ги пренесува американските избори кои ќе се одржат на почетокот на ноември.
– Целиот мој живот го посветив на образованието и развојот. Работев дење и ноќе, бидејќи знам дека пред мене е животна можност. Имав сон кога бев мала на село дека можам да направам нешто големо и историско за мојата земја и мојата професија и тој ден се ближи. Ве повикувам да ме поддржите додека сум надвор од Србија и моите преноси во живо од Соединетите Американски Држави.
фото: printscreen/instgaram