Водителката Јована Јеремиќ е позната по својот остар јазик, а многумина знаат дека своите фрази и цитати ги крстила „Јованизми“.
Бидејќи е сигурна дека нејзините ставови и мотивирачки реченици ќе го најдат патот до читателите, решила да ги стави на хартија.
Јавното претставување на нејзиниот став предизвика лавина коментари на социјалните мрежи. Ова се само дел од нејзините познати фрази кои ја водат Јована во животот:
„Никогаш не биди ист како другите. Биди подобар“.
„Дојдов да ве вознемирувам. Некои може да го загубат своето место поради ова, но секој ќе го добие своето место, токму она што му припаѓа по природно право“.
„Во отсуство на херој, животот ме принуди да бидам хероина“.
„Наутро Хурем, попладне Путин“.
„Секој има право да биде неморален, но јас нема да му правам друштво“.
Јована не се плаши да каже што мисли, а тоа го истакна неколку пати во своите емисии.
Иако некои ја предизвикуваат, некои ја саботираат и навредуваат преку социјалните мрежи, водителката се согласува дека ја знае нејзината вредност, а очигледно и елоквентноста што и оди добро.
фото: printscreen/instagram