Мегафон македонскиот фолкер ветува спектакл

Јордан Митев најави голем солистички концерт: Арената „Јане Сандански“ ќе ечи од убава македонска фолк песна

Јордан Митев најави голем солистички концерт: Арената „Јане Сандански“ ќе ечи од убава македонска фолк песна

Македонската фолк сцена добива најава што веќе предизвикува голем интерес – популарниот пејач Јордан Митев официјално потврди дека кон крајот на 2026 година ќе одржи голем солистички концерт во Скопје.

Концертот е закажан за 26-ти декември (сабота) во спортската арена „Јане Сандански“ – една од најголемите концертни локации во земјава.

„Почитувани пријатели и фанови, честопати ме прашувавте кога концерт во Скопје…“, напиша Митев во својата објава, откривајќи дека идејата долго време се одложувала поради бројни обврски. Но сега, како што вели, конечно дошло време за нешто големо. И тоа не било какво – туку, како што самиот најавува, „вистински македонски професионален фолк спектакл“.

Публиката може да очекува вечер исполнета со неговите најголеми хитови, но и авторски песни создадени низ изминатите две децении. Токму тоа му дава дополнителна тежина на концертот – ќе биде еден вид музичко патување низ неговата кариера, со личен печат и емоција. Овој настан веќе се најавува како еден од најзначајните фолк концерти во 2026 година кај нас, а интересот кај публиката расте од ден на ден.

Деталите околу продажбата на билети, гостите и продукцијата се очекуваат наскоро, но едно е сигурно – Скопје на 26-ти декември ќе живее во ритамот на македонската фолк музика.

 

To top