Пејачката Јелена Розга ќе се мажи за синот на Тончи Хуљиќ, Иван.
Како што ексклузивно дознаваат тамошните медиуми, свечената церемонија ќе се одржи во Сплит наесен.
На забавата ќе присуствуваат семејството и најблиските пријатели, па поканите ќе бидат испратени на околу 500 адреси. Но, тоа не е се.
Идните младенци ќе направат две свадби. Една во Хрватска, а друга на егзотична дестинација. Моментално во куќата на Розга и Хуљиќ има аукција за да се види дали тоа ќе бидат популарните Малдиви или Бали.
– Свадбените ѕвона се повеќе бијат за Јелена и Иван. Толку долго го чекаше вистинскиот маж и тој е тука. Останува само да објават официјално кога ќе се венчаат и да ги поканат пријателите и семејството да бидат сведоци на нивната љубов во најубавиот момент, а тоа е свадбената церемонија. Се зборуваше дека тоа ќе биде на лето, но има ги има сите шанси да биде наесен – вели добро информиран извор близок до парот.
Пејачката и наследникот на познатиот композитор се здружија додека работеа на нејзината песна „Од чега сам ја“, а Иван ја поддржа Јелена за време на нејзините концерти во декември и јануари во белградскиот Сава центар.
фото: printscresn/instgaram/Facebook