Јелена Карлеуша минатата година официјално се разведе од Душко Тошиќ.
Поп дивата тогаш истакна дека не сака да има никаков контакт со таткото на нејзините ќерки, а набргу потоа почнаа шпекулациите за тоа кој би можел да биде идниот сопруг на Јелена и дали таа сега е заљубена.
Неодамна во една емисија го избрала Никола Јовановиќ за најдобар фраер, а сега проговорила за бракот за кој посочува, во моментов не размислува.
Меѓутоа, ако свадбата би се одржала за неколку години, постои само еден маж, односно тип на маж, кој би можел да биде нејзиниот иден сопруг.
-Ако во моето лудило и кошмар сакав повторно да се омажам, добро би размислила дали тоа ќе биде политичар или криминалец.
– Се си има своја привлечност, но навистина би размислила. Можеби сепак криминалец, тоа е нешто што сега ми е возбудливо – изјави поп дивата.
фото:Facebook/Jelena Karleuša