Пејачката Дара Бубамара со години не била во добри односи со покојната авторка Марина Туцаковиќ, а причината за нивниот конфликт бил долг од 10.000 евра.
Имено, Дара наводно не го платила хонорарот за песната што Марина ја напишала за неа, бидејќи не била задоволна од начинот на кој песната поминала кај публиката. Иако претходно имале успешна соработка и голем број хитови, ова недоразбирање довело до прекин на комуникацијата.
– Не знам зошто Дара тогаш не ѝ ги платила 10.000 евра, веројатно не била задоволна од тоа како поминала песната. Пред тоа, редовно плаќала за сите текстови на Марина, а често ѝ носела подароци од патувањата. Сепак, поради тој долг, со години не разговарале. Марина знаела да каже дека не ѝ било јасно дека некој што заработува толку многу од нејзините текстови не сака да ја подмири обврската – изјавил извор за медиумите во тоа време.

Според истите изјави, помирувањето се случило кога Марина се разболела.
– Потоа Дара ѝ се јави, ѝ понуди помош и ја замоли повторно да соработува. Марина на почетокот се двоумеше, но на крајот реши да ѝ прости. Потоа Дара го отплати долгот и дури дополнително ја награди Марина за новата балада што ја напиша за неа – додаде изворот.
Сепак, во 2016 година, Марина во едно интервју истакна дека долгот не бил подмирен во тоа време.
– Не е така. Ех, како да беше единствената што ми должеше! Не сакам да зборувам за тоа. Боже мој, се случува – рече тогаш Туцаковиќ.
фото:You tube printscreen/ Instagram printscreen/ darabubamara_official







