Пејачката Антониа Гиговска меѓу два свои настапи најде време да ужива на летната дестинацијата која ја одбрала, за што полесно да ги поднесе пеколните денови.
Популарната русокосакоја важи за секси мама ги израдува своите фанови и следбеници со жешки фотографии од глуждови до раменици, кои ги сподели на социјалните мрежи.
Додека уживала на плажа, Гиговска позирала во различни заводливи пози.
Антониа изгледа возбудливо во белото бикини, кое ги истакна нејзините бујни облини и витото тело за кое напорно се трудеше, а комплиментите кои ги доби под објавата најдобро откриваат колку на сите им се допадна изгледот на пејачката во костим за капење.
Сепак, особено ги плени со „стори“ објавата на која пејачката покажа дека е распеана и додека лежи на плажа.
Па така, испружена во белото бикини, фаќајќи тен, пееше среде бел ден со полна душа емоции како да е качена на сцена.
За Антониа дефинитивно пауза од пеењето нема се’ додека и претставува вистинско задоволство, без разлика дали е тоа на само или пред публика, само за своја душа или за добра заработка.
фото: print Screen/ Instagram/antoniagigovskaa