Радио Милева по нецел месец

Ирина Дишо по породувањето блеска: Сопругата на Павле Камиловски на планина со бебето (видео)

Ирина Дишо по породувањето блеска: Сопругата на Павле Камиловски на планина со бебето (видео)

Сопругата на пејачот Павле Камилоски, планинарката Ирина Дишо во новата 2025  во очи на Василица се породи и на свет донесе здраво девојче.

Ирина Дишо за време на бременоста беше за чист пример. Таа во трудничкиот период активно вежбаше до крај и  споделуваше на социјалните мрежи интересни моменти со цел да ги мотивира останатите идни мајки.

Со активностите  продолжи и сега. Па заедно со Лена која  неколку дена откако дојде на бел свет ја запозна со природата и планинските убавини во топлата прегратка на мама.

Сопругот на Ирина на социјалната мрежа Инстаграм често објавува  фотографии од себе и семејството , па откри и сега дека заедно со сопругата заминале на чист воздух.

Инаку Лена е второ дете на семејството Камилоски , кое покрај ќерката го имаат и синчето Јосиф.

Од најновото видео кое го постираа на кратките приказни гордите родители потврдија дека живеат здрав живот и дека водат сметка за себе.

Ирина изгледа одлично 20 дена по породувањето и нема проблеми со вишокот килограми освен онаа те жина што е неопходна по породувањето.

фото: print Screen/Instagram

To top