Првородената среќа на водителот Димитар Атанатовски и пејачката и харфистка Сара Мејс, ќеркичката Илина, недамна наполни шест години.
Малечката редовно ги прави горди мама и тато уште откако започна да танцува модерни танци во група и да освојува награди.
Уметничките гени неминовно ги има, па оттука очекувано е Илинче да го следи внатрешниот порив и она што си го има во себе како наследство.
Овој пат таа го прави особено горд тато Диме бидејќи тргна по неговите стапки, така е засега бидејќи малата талентирана убавица седна пред микрофон во радиото каде работи тато, па и таа има своја детска емисија. Ќе се пуштаат детски песнички, а гласчето на Илина е совршениот момент кој ќе ги води дечињата кои ќе ја случаат низ нивниот шарен свет.
View this post on Instagram
За овој нејзин интерес и ангажман се пофалија и мама и тато кои ги поканија најмалите слушатели на забава секоја недела.
Инаку, Илина од поодамна редовно е гостинка кај тато на работа, па оттука не е чудно што пројави желба да тргне по неговите стапки.
Следна недела слушајте ја Илина со „Бистри глави“!
фото:Instagram printscreen/ dimitaratanasovski_