Радио Милева дециден

Харис Џиновиќ по разводот со Мелина најпосле е подготвен за нова жена во неговиот живот (фото)

Харис Џиновиќ по разводот со Мелина најпосле е подготвен за нова жена во неговиот живот (фото)

Разводот на популарниот фолк пејач Харис Џиновиќ и неговата долгогодишна сопруга, модната дизајнерка Мелина, предизвика внимание на регионалната јавна сцена.

Харис отворено призна дека сега е подготвен за нова емотивна врска и дека му треба партнерка со која ќе го сподели животот.

Сепак, пејачот има специфични барања кога е во прашање неговата идна избраничка.

– Сега сум слободен човек. Емотивно достапен – изјави неодамна фолкерот, и истакна каква жена сака по Мелина.

– Таа мора да е нормална! Мора да има совест, мора да има толеранција, мора да биде вредна. Љубовта може да биде и допир на рака, а кога ќе заврши во кревет… Жените мора да имаат став! Сите луѓе треба да имаат став – наброја Харис за „Прва“.

фото:Instagram printscreen/harisdzinovic_official

To top