Поминаа месеци, но разводот по 22 години брак на Мелина и Харис Џиновиќ останува актуелен.
Како што пишува Курир.рс, Мелина не барала имот од Харис. Таа му е благодарна на Харис што и помогна да го добие светскиот џет-сет за да ги носи нејзините креации.
– Во последните денови се пишуваа секакви работи, но Мелина не е материјалист. Свесна е дека недвижноста и сето она што го стекнала во бракот со Џиновиќ останува кај наследниците. Харис и помогна да се пробие во модната индустрија и тоа на светско ниво. Тоа и беше најважно. Таа го оствари својот сон. Таа е успешна независна деловна жена која не зависи од никого. Меѓу нив згаснаа емоциите и тоа е главната причина поради која решија да се разведат на хартија – рекол изворот.
Сега засега нештата стојат вака, а изјавите во наплив на бес и разочараност остануваат во минатото, баш онака како што полседно изјави познатиот пејач и сега веќе екс сопруг на модната дизајнерка Мелина.
фото:Instagram/ You Tube printscreen/ hypetv.rs/