Радио Милева судот ќе одлучува

Харис Џиновиќ  го дели имотот со Мелина – пејачот бесен на сѐ (фото)

Харис Џиновиќ  го дели имотот со Мелина  – пејачот бесен на сѐ (фото)

Харис Џиновиќ и Мелина Џиновиќ не постигнале договор околу поделбата на имотот, поради што судот ќе одлучува за тоа.

На 28 март 2024 година пејачот Харис Џиновиќ се разведе од сопругата Мелина со која има две деца, а веста за пропаѓањето на нивниот брак крена голема прашина во јавноста.

Иако официјално не се маж и жена, Харис  дошол на суд за да го реши спорот за поделбата на заедничкиот имот, а сѐ уште има тепачка за семејната вила на Дедиње.

Џиновиќ дошол без адвокат и бил нерасположен. Пејачот како и секогаш носел капа, а облечен бил во кошула, црни панталони и патики.

Мелина не дошла на суд, па го испратила својот адвокат, како и во процесот на развод.

– Денеска не сум за ништо, сѐ уште сум на суд – рекол Харис, а потоа на прашањето дали станува збор за поделба на имотот, пејачот рекол дека не сака да зборува за тоа со медиумите.

фото: printscreen/instagram/Nenty News/ harisdzinovic_official

To top