Мегафон тажна вест

Греми добитничката со кадифен глас почина на 89 годишна возраст (видео)

Греми добитничката со кадифен глас почина на 89 годишна возраст (видео)

Роберта Флек, пејачката со кадифен глас и добитничка на четири награди Греми, чиишто балади како „The First Time Ever I Saw Your Face“ и „Killing Me Softly With His Song“ достигнаа на врвот на топ-листите во 1970-те, почина во понеделникот во 89-та година од животот, објави нејзиниот публицист.

Во ноември 2022 година нејзиниот публицист објави дека ѝ е дијагностицирана Амиотрофична латерална склероза (АЛС), познаа и како Лу-Геригова болест и повеќе не може да пее. Станува збор за прогресивна, обично смртоносна невродегенеративна болест. АЛС ги уништува нервните клетки во мозокот и ‘рбетниот мозок кои ја контролираат мускулната функција, што доведува до прогресивна парализа и смрт.

Како афроамериканка која израснала на југот, Флек ги искусила и расизмот и сегрегацијата, како и предизвиците во музичката индустрија во седумдесеттите години од минатиов век, во која тогаш доминираат главно мажите.

„Отсекогаш се трудев да бидам целосно искрена во својот музички израз, надевајќи е дека секоја личност може да ја пронајде сопствената приказна кога ги слуша моите песни, кои можат да ѝ помогнат да ја почувствува и спознае сопствената вистина“, изјави за магазинот Forbes.

 

фото:ScreenShot/YouTube/ RHINO

To top