Пејачот Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина наскоро ќе добијат ќерка, а парот моментално е на одмор.
Пејачот сега предизвика бурни реакции на социјалните мрежи кога објави видео со Катарина од кревет. Голи, како од мајка родени, покриени само со чаршаф, а Дарко прво ја галел сопругата, а потоа ја гушнал.
За потсетување, Катарина неодамна откри дека има кила на стомакот за која ќе биде потребна операција.
– Не се гледа стапалото на бебето, се гледа кила на стомакот над папокот.Како што вели докторката, тоа може да се среди само со операција и тоа кога ќе одлучам повеќе да не забременам. Засега не можам ништо – објаснила Катарина.
фото: printscreen/instagram/katarinalazic