Утрово голема трагедија ги потресе фудбалска Европа и спортскиот свет воопшто. Според пишувањата на шпанска „Марка“ загина фудбалерот на Ливерпул, португалскиот ас – Диого Жота.
Фудбалерот на Ливерпул, загинал како последица на сообраќајна несреќа во Шпанија, во во близина на границата со Португалија во регионот Замора . Несреќата се случила на 65-тиот километар од автопатот А-52, во близина на општината Паласиос де Санабрија, околу 01:30 часот наутро, пишува шпанска Марка.
Трагедијата да биде уште поголема, заедно со напаѓачот на Ливерпул во сообраќајката загина и Андре Силва (25), брат на Жота и играч на португалски Пењафиел, потврди и медицинскиот тим кој набрзо бил на местото на настанот.
Причината за големата трагедија е пукање на гума за време на претекнување на друг автомобил. Возилото излетало од патот, удрило и веднаш се запалило, што не им дало на фудбалерите никаква шанса да се спасат.
Инаку, оваа трегедија доаѓа по само неколку дена од свадбата на славниот фудбалер на Ливерпул.
Фото: Инстаграм/diogoj_18