Радио Милева сценска возбуда во најава

Гола кожа, црна тантела и секси танц: Ваква провокација „пакуваат“ македонските пејачки за претстојниот „Макфест“ (фото+видео)

Гола кожа, црна тантела и секси танц: Ваква провокација „пакуваат“ македонските пејачки за претстојниот „Макфест“ (фото+видео)

Викендов на 25. и 26. Октомври  во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип ќе се одржи 39-тото издание на фестивалот на забавна мелодија „Макфест“ каде во две фестивалски вечери ќе се отпеат 28 песни.

Се очекува модерно издание, но и такво кое како што тргна од минатата година се стреми во враќање на нивото кое го држеше некогаш.

На сцената ќе видиме познати и етаблирани ѕвезди, но и нови пејачки и авторски имиња, односно ќе се направи баланс меѓу младите и искусните за да сите ги видиме на иста сцена.

Меѓу помладите и актуелни музички ѕвезди ќе ја видиме Антониа Гиговска која ќе се претстави со песната насловена „Жена“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Таа е веќе подговена за претстојниот викенд, а на социјалните мрежи веќе објави кусо видео како најава за она што следи, но и провокативна фотографија каде е облечена во црвен провокативен фустан кој има отвори се до препони. Гола кожа повеќе од доволно, машка фризура и црвен кармин за жешко издание.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Ништо помалку провокативна нема да биде ниту атрактивната пејачка Полина Тасева која е позната дека покрај своите вокални квалитети е одлична и во танцување. Таа на сцената на „Макфест“ ќе настапи со уште неколку девојки со кои ќе танцуваат, а како загревање постави видео од кое може да ѕирнеме што таа ќе ни сервира со нејзината тема „Сцена“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Polina Taseva (@polinatas)

На карта на провокација, барем кога е изгледот во прашање, игра и пејачката и докторка Симона Поповска, која и годинава не пропушта да биде дел од макфестовското издание, овој пат со песната „Без тебе“. И Симона се фотографираше по повод „Макфест“, а избра песната на Инстаграм да ја презентира во едно секси издание од корсет и гаќички надополнети со црна тантела.

Возбудливо, динамично и енергично, од само мал дел на учесниците кои годинава ќе остават уште еден белег од макфестовската сцена пред следното јубилејно издание.

Макфест дирекно ќе се пренесува на МТВ по завршување на вестите. Водители се Димитар Атанасовски и Маријана Станојковска, на црвениот тепих е Јана Бурческа, додека презентерите се изненадување.

Во продолжение на ЛИНКОТ можете да ги видите сите учесници и да ги слушнете рефрените на сите песни.

фото:Instagram printscreen/ makfestfestival/simonapopovskaofficial/antoniagigovskaa/polinatas

To top