Кој рекол дека со мали деца нема забава? Сара Мејс и Димитар велат дека може да го побијат ова непишано правило бидејќи тие моментално уживаат на одмор во Хургада, Египет заедно со малите Илина и Кирил, а друштво имаат и со Стефан Лазаров и сопругата.
Црвено море, пустински песок, луксузен хотел, базени, храна од „пиле млеко“, уживање за сите сетила, уште децата да се послушни, тогаш мама и тато се на седмо небо.
Кога ќе сапијат, особено пладневна дремка, за мама и тато тогаш е време за максимално уживање и препуштање на страстите.
Хормоните на ултра високи температури допреа до плафон, а за постигнат баланс, телесен и оној повикувачкиот од природата, познатите сопружници се препуштија на страстите во вода. Стиснати еден до друг разменуваа сочни бакнежи, а снимката ја објавија на Инстаграм.
Потенцираа дека децата спијат, а бебифонот беше до нив за да слушаат дали се спие или треба да прекинат со се’и да се стават во рутинска акција.
Ама се’ беше мирно, а акцијата продолжи во базенот… До каде и дали продолжи оваа предигра, останува приватно.
Авантурата низ Египет потоа продолжува во друштво…
фото:Instagram printscreen/ dimitaratanasovski_
and sarahmace__