Кејт Мидлтон го загрижи целиот свет кога откри дека има рак. Во својата кратка, но храбра исповед, таа не прецизираше за каков вид на рак се работи, освен дека и бил дијагностициран по операцијата на стомакот во јануари и дека била подложена на превентивна хемотерапија.
Но, долго пред да знае дека ќе се бори против опасен непријател, принцезата од Велс направи нешто што никогаш нема да го заборавиме.
Уште едно во низата нејзини добри дела за кои, додуша, дури сега стана познато, бидејќи таа сè правеше во тајност. Кејт Мидлтон ја донираше својата коса на децата болни од рак. Тоа беше во 2017 година. Таа донираше 18 сантиметри од својата коса на фондот „Little Princess Trust“. Меѓу другото, организацијата создава перики за најмладите пациенти кои ја губат косата поради лекување од рак.
View this post on Instagram
– Прекрасно е да се мисли дека некој, некаде, добил перика со косата на принцезата од Велс. Веројатно се работи за повеќе од една личност. Кејт ја има прекрасната коса по која сите копнееме, а нејзиниот гест е навистина извонреден, многу значаен за подигање на свеста – изјави тогаш Хелен Крис од споменатото здружение.
А еден ден откако објави дека и самата има рак, Кејт доби трогателна порака од малата Мили Снедон, со која се спријателила додека девојчето се лекувало од леукемија пред неколку години.
– Таа е храбра, како што бев јас, и ќе се бори, како што се борев јас – изјавила Мили за The Mirror.
Нејзината мајка Линда откри дека принцезата ја објавила својата дијагноза на втората годишнина на Мила во ремисија. Додека девојчето беше на терапија, Кејт многу ја поддржуваше и праша за нејзината состојба дури и кога процесот на лекување беше завршен.
фото:Instagram printscreen/ _kate_middleton_royal