Радио Милева наскоро под нож

Гавазова се кае за коригираните гради: Фолкерката ќе ги вади силиконите

Гавазова се кае за коригираните гради: Фолкерката ќе ги вади силиконите

Стројна, бујна, заводлива, атрактивна, фолкерката Сузана Гавазова покрај гласот е позната по телесниот раскош  во кој доминираат  бујните облини, особено однапред.

Расната струмичка убавица својата телесна убавина редовно ја споделува со јавноста и своите следбеници на социјалните мрежи. Во секси фустанчиња или слична гардероба која малку тоа покрива, ама сепак ништо не открива…

Во фокус најчесто е гигантската  силиконска педница која едвај ќе ја спакува во градник што изгледа како да е два броја помала бројна единица.

Е дури тогаш сите што се во нејзина околина, а се припадници на посилната полоиина остануваат подзинати со падната вилица…

Арно ама, тоа најверојатно наскоро ќе се смени зашто Сузето жали што се решила да ги коригира градите и да ги направи поголеми. Сега, тие и претставуваат проблем кој како што вели ќе го елиминира и ќе се врати на природното.

-Поради професијата и за естетика пред седум години направив силиконски гради. Ги доев и двете ќеркички и подоцна откако престанав да дојам веднаш отидиов под нож. Значи една недела такви болки… Кога си го вратам филмот или ако сум со овој ум сега, не би ги правела. Што ги носам сега ме боли грбот, мислам во иднина да ги извадам силиконите и да си бидам природна, кажа Сузана во поткастот „Естраден лексикон“.

Кај соседите во регионот, пејачките се почесто почнаа да се одлучуваат да ги вадат силиконските гради и да бидат природни, макар тоа естетиката да трпи. Еден таков последен пример е пејачката Наташа Беквалц, а претходно и Цеца Ражнатовиќ ги намали бујните силикони, односно вгради помал број.

Сузана очигледно е решена повторно да легне на операциона маса, а кога истото ќе се случи, резултатот неминовно ќе биде очигледен, но затоа потоа…

Фото:Instagram printscreen/ suzanagavazova/ You tube printscreen/MARIO ARANGELOVSKI

To top