Јутјуберот и учесник во реалити шоу, Ненад Маринковиќ, попознат како Гастоз, беше уапсен пред два и пол месеци во Тајланд.
По речиси три месеци поминати зад решетки, конечно е на слобода и пристигна во Србија.
Сега Гастоз објави на својот Инстаграм профил и ја сподели својата фотографија, а многумина беа шокирани од промената на физичкиот изглед.
– Сакај брат! Благодарам за бригинарујуму – рече во свој стил во описот на фотографијата.
Долга коса во локни, брада и мустаќи, речиси непрепознатлив, Гастоз им соопшти на сите дека конечно е ослободен од затвор. Ја објави локацијата и ги извести сите дека пристигнал во Белград.
Да потсетиме, како што објавија медиумите, Ненад бил уапсен кога со рутинска контрола било утврдено дека му е истечена визата и дека возел мотор во алкохолизирана состојба.
фото: printskrin/instagram/gastozz_fp