Ана Николиќ со години е присутна на српската музичка сцена, а своето патување во светот на музиката го започнала како тинејџерка.
Иако млада почнала да заработува пари пеејќи, тоа не ѝ била прва работа.
Малку е познато дека Ана работела како келнерка извесен период за да си обезбеди повеќе отколку што можеле да обезбедат нејзините родители.

– Кога почнав да излегувам со пријатели, ми требаа пари, но моите родители не можеа да ми помогнат бидејќи немаа доволно. Затоа решив да најдам работа за време на летниот распуст.

– Јас и мојата пријателка Ана Стојанчиќевиќ почнавме да работиме како келнерки во едно кафуле кое немаше многу гости. Сепак, тоа лето кафулето процвета. Секој ден имавме вистинска забава. Заработував повеќе од моите родители заедно. Повеќе не морав да барам пари од нив и бев пресреќна затоа што сакам да бидам независна – се присети Ана во една прилика.
фото:instagram printscreen/ananikolicofficial







