Пред 24 години Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ го кажаа судбоносното „да“ и започнаа заеднички живот полн со љубов и поддршка. Нивниот брак, кој траеше повеќе од две децении, често беше модел на хармоничен однос во јавноста.
Сепак, Драгана во април 2024 година и соопшти на јавноста дека таа и Тони одлучиле да го прекинат бракот.
Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ никогаш не ја криеле разликата во години, но никој што имал можност да ги види ниту на денот на нивната венчавка, ниту децении подоцна, не би забележал дека пејачката е постара од нејзиниот сопруг.
Сопругот на Драгана Мирковиќ е роден на 29 декември 1973 година, додека роденденот на пејачката е на 18 јануари 1968 година.
Многумина му го честитаа роденденот на поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ, но овој пат немаше честитка од пејачката, но и од нивните деца Марко и Мануела.
фото:Instagram printscreen/ dragana_mirkovic