Некогашната мисица, манекенка, модел и горда сопственичка на неколку цвеќарници кои воедно се и „бутици украсување и пакување подароци“, Емилија Розман има најблаго речено „чудни релации“ со својот брат Бобан.
Всушност, двајцата совршено функционираат, само што еден на друг постојано знаат да си подметнуваат разни зафрканции, кои навидум и не изгледаат баш пријатни, ама ним веројатно им се забавни. За да ја разбијат монотонијата, насмеат околината, пријателите и воопшто јавноста, објавувајќи ги на сооцијалните мрежи или едноставно само онака… од чиста забава! Кој кого ќе надмудри и надитри, со тоа што нешто неочекувано ќе му смисли и смести. Па сега ти види како ќе се снајдеш и реагираш во дадената ситуација.
Така некако изгледа и роденденската честитка која хуморната сестра му ја упатила на својот брат преку нејзините Инстаграм приказни. Еден мафин, неколку Бронхи бомбони и „зајадлива“ роденденска порака која сестрата ја напишала, веројатно некаде од пристојна дистанца, зашто се’ укажува дека била замината на некој пат:
„38 години откако мама и тато те посвоиле… Среќен роденден“ – пишува на отпечатениот лист хартија , во чиј опис г-ца Розмантична додала: „Километрите не ми можат ништо кога е во прашање посвоениот брат. Среќен роденден пресмешен“!
Веќе во следната Инстаграм приказна Емилија на споделената заедничка братско – сестринска фотографија, одново со роденденска посвета… Само што и оваа честитка некако има „мирис на сестринска одмазда“:
„И бидејќи најдоброто доаѓа на крај и секогаш доцни… Среќен роденден пресмешееен! да си жив и здрав и да продолжиш да ми ги корнеш нервите уште 100 години“ – споделила „убавата цвеќарка“ со универзитетска диплома!
И ако некого го замислат и вчудоневидат овие најблагоречено „необични и чудни“ сестрински роденденски желби, веднаш ви нудиме демистификација на мистеријата. „Зајакот лежи“ во претходно сппоменатото „безгрижното препукување“ на Розманови во разно-разни пригоди и прилики, па и во ваквите славенички моменти. А корените се влечат малку отпорано…
Така на пример, во нивните забавни „семејни игри без граници“ братот се налути откако сестрата во една прилика му кажала дека е здодевен. А кога сестра ти ќе ти каже дека си досаден брат, се случува ова…
View this post on Instagram
Арно ама, сестра Розмантична не би била толку симпатична, ако на ова останела апатична и не реагирала… До душа првичната реакција и е само инстинктивна, ама затоа онаа „вистинската“ која таа ја смислила за стореното „злосторство“ е вистинска казна… Слатка сестринска одмазда за умислениот брат што изигрува „газда“ на кој се’ му се може… А кога Розмантична ќе реши „да ти го смести“ е „сместено“… И тоа онака стручно, болно и детално, животот на човек да му се скрати, да знае од каде да фати…
View this post on Instagram
Впрочем погледнете ја нејзината одмазда во два дела до крај цела, па самите проценете…
Дали Емилија навистина лани летото несреќно паднала во „Заливот на коските“ во Охрид, по што ги скрши сите ребра или тоа не беше случајност и игра на судбината, туку малку поинаква е вистината…
View this post on Instagram
После сето ова ваше е што ќе заклучите… Дали е сето ова вистинско „семејно потпикнување“ или во прашање е само добро осмислено „фабрикување“? Што и да е, едно е сигурно: Емилија Розман има чуден смисол за хумор и уште „почудни релации“ со својот брат Бобан!
Фото и видео: Инстаграм/rozmanticna