Телевизиската работа за ликовите пред камера навидум едноставна, особено таква е перцепцијата за дамите кои секогаш се тип-топ средени од глава до петици на снимање. Ама тоа и не е баш така, како и тоа дека не постојано се расположени за шминкање и дотерување, а најмалку за смеење пред објектовот.
Но, работа си е работа, па што се мора се мора кога веќе е избран тој професионален пат.
Токму онаа другата страна и перспектива од поинаков агол, потреба да ја коментира имаше водителката и пејачка Андријана Алачки и тоа низ призмата на шминката како ументност и конекција меѓу шминкерот и неговиот клиент.
View this post on Instagram
-Како телевизиски лица постојано сме во симбиоза со професионалната шминка која сакале или не сакале станува дел од нашето секојдневие. Кога сме веќе кај професијата ,, make up” стилисти, знаеме да коментираме ,, добра е, не е добра, можело вака, можело онака…..” но има нешто многу повеќе за кое треба да помислиме, тежината на нивната професија, кога мора да се спои со клиентот, да му го почувствува дамарот каде врти, чука, што сака , како е расположен во моментот, приликата, возраста и взаемно да ја размените енергијата и на крајот да Ве испрати задоволни. Колку ли таа нивна уметност, (која јас ја нарекувам,, не шминкање, туку креирање уметничка слика во ликот” ) бара вложување и искреност. Мартин, секоја чест за твојата работа, млад и орен за работа, ти посакувам среќа на твојот професионален пат кој успешно сам го одиш и продолжи да ја радуваш ,,жената” која знае да се смее кога и се плаче, кога треба борите од маките да и ги испегла или пак кога е најсреќна…за сите состојби имаш решение, пишува Андријана сакајќи да го пофали својот стилист за шминка, а притоа да даде до знаење дека не е се’ така розово кога почнуваат снимањата.
View this post on Instagram
„Везилка“, „Вкусот на традицијата“ или муизички ангажман на сцена, Алачки секогаш на висина на задачата, насмеана и стокмена онака како што таа сака и смета дека и доликува, а дека е задоволна, доволно е само едно – насмевката.
фото:Instagram printscreen/ adrijanaalacki