За Сузана Гавазова важи дека е едбна од најблескавите ѕвезди на домашната естрадна фолк сцена, но и голема домаќинка по дома и секако посветена мајка, и одана сопруга… Или што би рекле комплетна жена за сите дејности и времиња.
Сепак, никој не е совршен, па од сите овие нејзини квалитети и активности, некои мора да се подобри, поизразени, посовршени, иако веројатно се’ што прави е доволно добро, па и повеќе од тоа.
Една од нејзините новокомпонирани навики е секако да позира пред камери. Ама не пред оние телевизиските, нешто кое оддамна го прави, туку пред онаа сопствената на мобилниот телефон. така, секојдневно на нејзиниот Инстаграм профил осамнуваат мноштво селфи фотографии и видеа во разни изданија. Од свечени долги здолништа до куси фустанчиња, од тесни хеланки до панталони, од мини до бикини… Во зависност од ситуацијата и локацијата.
Ама по се изгледа атрактивнмата струмичанка најмногу обожава да позира сама додека заводливо танцува. Досега сме имале да јавидиме во повеќе такви прилики и во разни аутфити…
Така практивкува во последно време, така беше и сега, кога Сузана Гавазова старата навика реши да ја практикува во два различни аутфита пред камера.
Во црна ориентална комбинација со качулка на главата струмичката фолкерка покажа дека е совршено заводлива кога е во прашање нишањето колкови на ориенталните ритми.
View this post on Instagram
До душа аутфитот всушност бил наменет за малку поинаква музика, македоска песна во новото издание на познатото регионално ТВ фолк шоу, „Кафеана на Балканот“, каде меѓудругото Сузана во дует со Љуба (Аличиќ) ја отпеа, „Битола… мој роден крај“!
@kafansko.vece Jedna pjesma specijalno za sve naše kafance iz Makedonije ❤️❤️ #kafanskovece #bitola #suzanagavazova #balkanmusic #fyp ♬ original sound – KAFANSKO VEČE
Веднаш потоа еве ја Гавазова во истот или барем слично дејание, само во поинакво модно издание! Кус фустан од необичен материјал, растегливо латекс модно парче, тесно припиено на извајаното тело на Сузанче… Аутфит кој уште позаводливо го отцртува секој дел на нејзина расна телесна конструкција, за уште поголема возбуда и машката хормонална ерупција!
View this post on Instagram
Арно ама, да не заборавиме она што на почетокот од приказнава го рековме… Згодната фолкерка одвреме-навреме не заборава да не потсети дека е подеднакво добра и во кујната, како вредна домаќинка.
Секој ден не е Велигден, а пред Велигден се пости, па затоа многумина своите гастрономски умешности ги искажуваат во варење посно гравче!
Меѓу нив секако и Гавазова, која ваквата прилика не ја пропушта уште еднаш длабоко да замеша… Само овој пат со кутлачата во лонецот, од кој при само еден поглед на набабрените зрна, веднаш ти се јавува најслаткиот порив, кој најчесто ти доаѓа кога нешто многу ти се допаѓа! Како на пример кај Гавазова… Прсти да излижеш сосе тенџере од гравчето на Сузето!
Фото: Инстаграм и Фејсбук/suzanagavazova