Популарната музичка ѕвезда Драгана Мирковиќ пред два дена во раскошен стил далеку од Србија го прослави својот 57 роденден.
Пејачката моментално е во Дубаи каде ужива во друштво на семејството и блиските пријатели. Таа на социјалните мрежи објави како го прослави својот роденден.
„Мојот најдобар роденден започна со појадок и капучино од 24 каратно злато“, напишала Драгана во описот на една објава, додека сега покажала дека една ноќ спиела во шатор.
Таа му го покажа скромниот кревет и околината, а судејќи по нејзината насмевка, се беше совршено за неа.
Драгана заигра и стомачен танц понесена од одличната атмосфера која очигледно и тоа како и годи.
фото:Instagram printscreen/ dragana_mirkovic