Радио Милева нема поголема среќа

Драган Спасов Дац честеше мекици: Актерот и пејач стана дедо… по вторпат! (ФОТО)

Драган Спасов Дац честеше мекици: Актерот и пејач стана дедо… по вторпат! (ФОТО)

Македонскиот актер и пејач Драган Спасов Дац стана дедо… по вторпат.

Радосната вест веднаш ја сподели на социјалните мрежи и доби илјадници лакови.

„Добив уште една внука. Честитки мама Софија и тато Јаков. А јас… јас сум втор пат дедо! Нека се множи среќата. Добредојде Зои!“, напиша тој под фотографијата.

Инаку, малата Зои на Дац му е внука од синот Јаков Спасов кој со својата сопруга Софија се остварија како родители по втор пат.

Тие од 2023 година веќе ја имаат ќерката Гаиа, откако една година претходно, во 2022 година стапија во брак.

А, на дедо Дац не му преостана ништо друго, освен по радосната вест да напраи само едно… Да чести мекици за доаѓањате на свет на внуката Зои!

Нека е честито!

Фото: Инстаграм/sofijawithaj_/Фејсбук/Dragan Spasov Dac/Дац & Александар

To top