Радио Милева фановите не треба да трпат

Доживеала невидена драма: Милица Павловиќ олеснета за 70 илјади евра (фото)

Доживеала невидена драма: Милица Павловиќ олеснета за 70 илјади евра (фото)

Милица Павловиќ ќе биде во минус околу 70.000 евра поради концертот во Бања Лука.

Имено, таа доживеала голема непријатност кога на само 6 дена пред закажаниот концерт од салата ја известиле дека нема да можат да го завршат реновирањето на просторот и дека поради тоа нема да може да ја одржи концерт на тој простор.

Иако успеа да најде друга сала, тоа повлекувлекло голем број нови трошоци, но Милица и покрај тоа што убеди неколку соработници дека е лудо да се влезе во таков дефицит, истакна дека попрво ќе го исплати долгот отколку да ги изневери фановите.

– Новата сала мораше да се адаптира за концертот, само да се постави технологијата и некои од овие работи ја ставаат Милица во длабоко црвено… Се’ што беше веќе подготвено за првата сала, за втората требаше да се направи од почеток. Но, друга опција за неа немаше – тврди изворот.

Како што објаснува, Милица решила од свој џеб да плати автобуси со кои луѓето кои немаат превоз ќе ги однесат во новата тамошна сала, а по концертот да ги врати во центарот на Бања Лука.

– Иако не е голема оддалеченост, се работи за 15-тина минути, рече Милица дека ја презема одговорноста да ги транспортира оние кои не можат да се снајдат. Таа не сакаше да прави трошок за ниту еден од фановите, но ќе ги плати автобусите. Инаку, новата сала ќе може да собере уште речиси 1.000 луѓе, што е уште еден предизвик за Милица, но таа беше децидна дека концертот нема да биде преместен за друг датум – заклучува изворот.

фото:Instagram printscreen/senoritamilica

To top