Радио Милева фото спомен со повод

Дојде денот и на Лозано: Честитки се редат, а една специјална доби од сестра си (фото)

Дојде денот и на Лозано: Честитки се редат, а една специјална доби од сестра си (фото)

Влатко Лозаноски – Лозано редовно има поставено бариера кога приватноста е во прашање, токму како во неговата последна и најнова песна „Бариера“. Сепак, она за кое сакал или не, мора да остане транспарентен, е неговиот роденден.

Влатко е летно дете, роден пред крајот на месец јуни и почетокот од летото, односно денес 27-ми јуни пред 39 години. Астролошки рак, што под автоматизам сака топло, лето, вода…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lozano (@vlatkolozanoski)

Денес е денот на Лозано, па по овој роденденски повод на негова сметка пристигнуваат лавина честитки, а меѓу многуте, една специјална од неговата сестра. Помалата сестра на пејачот, писатлката од Лозана, Марија Лозаноска на својот Фејсбук напиша посвета, убава и секако спакувана во нејзин стил. Екстра дополнување беше фотографија направена од времето кога Влатко бил полуматурант, или на 14 годишна возраст.

-Тој е постар од мене две години, ама цел живот сме како генерација. Оваа слика е на неговата полуматура и периодот пред да порасне долга коса, а јас неколку години пред да станам руса. Не ме личи темна коса, нели?
Мислам дека сè што си посакал си добил, а заслужуваш многу повеќе. Затоа јас ќе ти посакам да ти се случува она што семејството ти посакува и Господ што го наумил.
Среќен роденден, брат, одлично ти оди! – напиша Марија.

Момент да ѕирнеме нешто повеќе од животот на нашата таинствена музичка ѕвезда чиј сјај дури и вака „затскриена“ секогаш е силен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lozano (@vlatkolozanoski)

Инаку, Влатко утре славењето ќе го продолжи и со фановите во еден од трговските центри во Скопје каде ќе има шопинг се до полноќ, а ќе пее токму тој.

Среќен роденден!

фото:Facebook/ Marija Lozanoska/ Instagram printscreen/ vlatkolozanoski

To top