ЏеорЏина Родригез во петокот се појави во придружба на нејзиниот партнер Кристијано Роналдо на доделувањето на наградите „Globe Soccer Awards“ во Дубаи.
Таа со својот впечатлив фустан го привлече вниманието на присутните, меѓу кои беа фудбалерите Тибо Куртоа, Џуд Белингем и Ламин Јамал.
Родригез се одлучи за црн фустан со тантела и сатенски детали. Тесниот фустан имаше долги ракави, а Родригез носеше и црни потпетици. Покрај тоа, таа носеше ланче и обетки со жолти дијаманти и црна чанта „Hermes Birkin“ од крокодилска кожа.
View this post on Instagram
Потсетуваме дека Роналдо и неговата партнерка Џеорџина неодамна објавија божиќни честитки на Инстаграм. Празникот го прославија со своите деца кај Дедо Мраз во Лапонија. Најважниот дел од Божиќ“, напиша Роналдо. Покрај тоа, тој сподели и семејна фотографија на која заедно со неа и децата седеа на маса, а сите беа облечени во исти пижами.
Инаку, славниот фудбалер е горд татко на пет деца – двегодишната Бела Есмералда, Алана Мартина, која ја роди Џеорџина Родригез во ноември 2017 година, близнаците Ева и Матео, кои се родени во јуни 2017 година од сурогат мајка и Кристијано Јуниор, за кој, се претпоставува, дека исто така го родила сурогат мајка во 2010 година.
фото:Instagram printscreen/ georginagio