Радио Милева без крај...

Џокер го „чепнаа“ за Иван Јованов: Сопругот на Антониа Гиговска ги отвори картите- „Нештата излегоа од контрола, но животот е таков“ (видео)

Џокер го „чепнаа“ за Иван Јованов: Сопругот на Антониа Гиговска ги отвори картите- „Нештата излегоа од контрола, но животот е таков“ (видео)

Иако помина доста време, а минатото треба да биде онаму каде што е, некогашната љубовна врска меѓу фронтменот на „Либеро бенд“, Иван Јованов и пејачката Антониа Гиговска на која одамна и е ставен крај, за медиумите се уште е интересна тема за разговор.

Таа веќе мажена со дете, тој исто така женет и со дете. Што и како било, зошто раскинале, какви им се релациите, сега можеби и дегутантно од денешен агол, но и самата Антониа неодамна за „Бекстејџ“ кажа дека почитта кон поранешниот постои, но сега живее ново време.

Антониа за „Бекстејџ“ проговори за периодот кога раскина со Иван, а набрзо потоа откри дека ќе стане мајка: „Моите родители се изнаслушаа многу гадости“ (видео)

-Иван многу добро знае што направил и мислам дека не треба да се навраќаме на тие теми. Јас кога нешто ќе пречкртам, тоа е пречкртано. Јас го сакам многу Иван како човек и го почитувам, сум поминала многу време со него и сум научила многу работи од него и тоа ќе го кажувам секаде затоа што сум горда на тој период, кажа таа.

Токму тоа интервју се надоврза и со она за „Haype TV“ што сопругот на пејачката Роберт Спасенцовски алијас Џокер, го прашаа за тоа како стојат нештата од негов агол, бидејќи откако и стана сопруг на Антониа никогаш не проговори за пријателството кое тој го имаше порано со Иван.

-Јас во целата оваа приказна можеби сум и најомразениот лик, но тоа е тоа, испадна како што испадна. Јас Иван исто многу си го сакам… Никогаш не сум зборувал за ова, но јас сум како трета личност во  приказнава и лиѓето мислат дека јас треба да сум најомразениот лик, и нека сум, затоа сум и Џокер (се смее). Нема врска.. Тоа што е меѓу нив е меѓу нив двајца, јас сега не би навлегувал. Иван го почитувам како човек, сме работеле многу заедно. И покрај се’ што се случува он има исто место кај мене и се уште важи за еден од екстремно добрите за она што си го работи. Но, нештата кои се случија и што излегоа од контрола исто така е друга страна. Животот е таков каков што е. Јас сега имам дете, па ако некогаш би требало да одберам јас секогаш би го одбрал ова. Така да, тоа е што е, кажа Роберт.

Никој од нив ниту ја премижува, ниту заобиколува целата приказна, онаа која беше некогаш и оваа од сега. Заедничко за сите е тоа што очигледно нема ништо од лоша мисла кај никако, па како што велат почитта постои од двете страни. Е сега, кој како може и мисли дека треба да се носи со нештата што биле меѓу нив, секој од нив си знае најдобро.

фото:Instagram printscreen/ You Tube / HYPE TV MAKEDONIJA

To top