Среде гласините за развод со Бен Афлек, Џенифер Лопез ја откажа својата концертна турнеја која беше планирана за јули оваа година.
Веста за тоа ја споделија претставници на „Live Nation“. Како што дознава „Daily Mail“, Лопез ја откажала турнејата „This Is Me…Live The Greatest Hits“ за да помине повеќе време со своето семејство.
„Џенифер зема слободно време за да биде со своите деца, семејството и блиските пријатели. За оние што купиле билети преку „Ticketmaster“, тие автоматски ќе бидат вратени, фановите не треба да прават ништо“, напишале тие.
View this post on Instagram
Подоцна, преку нејзината страница „OntheJLo“, се огласи и пејачката, која им порача на фановите дека е тажна и скршена што ги разочарала.
„Потполно сум тажна и скршена што ве изневерив. Ве молам знајте дека тоа не би го направила да не чувствував дека е апсолутно неопходно. Ветувам дека ќе ви се оддолжам и сите повторно ќе бидеме заедно. Многу ве сакам. Се гледаме наскоро“, напишала Џеј Ло.
Извор за медиумите открил дека Лопез е тажна што се откажува од турнејата, но дека едноставно мора да биде дома во овој момент. Иако медиумите пишуваа дека продажбата на билетите за турнејата не оди според очекувањата, изворот го тврди спротивното.
View this post on Instagram
„Таа зема слободно време за да биде со своето семејство и блиските пријатели. Ова беше многу тешка одлука која Џенифер ја донесе оваа недела и жал ѝ е поради фановите. Оваа одлука не беше донесена поради продажбата на билети бидејќи турнејата всушност беше добра во повеќето клучни градови и дојде до добар пораст“, вели изворот.
фото:Instagram printscreen/ jlo