Џенифер Лопез на премиерата на „Kiss of the Spider Woman“ за време на фестивалот Санденс 2025 година, уште еднаш ги надмина сите присутни.
Актерката блесна во црн фустан од тантела, дизајниран од Валдрин Сахити, кој одлично ја истакна нејзината фигура.
Фустанот, украсен со кристали наредени во форма на пајакова мрежа, беше вистинска ода на луксузот.
Едната мрежа започнуваше од нејзиниот десен колк и водејќи асиметрично по нејзиното здолниште, додека друга, со нагласени кристални детали, ги красеше левото рамо и ракавот. Комбинацијата беше заокружена со црна чанта, високи потпетици од „Christian Louboutin“ и дијамантски прстен.
View this post on Instagram
Иако „Kiss of the Spider Woman“ не е филм на Марвел, туку музичка драма базирана на истоимениот роман од 1976 година и мјузиклот што следуваше, Лопез уште еднаш ја потврди својата репутација на икона на црвениот тепих со својот стајлинг. Овој фустан не беше само моден избор – тоа беше суптилен омаж на самиот филм, во кој Лопез ја игра главната улога на мистериозната жена од соништата на аргентински затвореник.
Што се однесува до шминката, Џенифер се задржа на класичната холивудска елеганција – заводливи очи, изразени трепки и меки усни. Пред да се појави на црвениот тепих, таа сподели фотографија на Инстаграм на која фустанот го спои со белa бунда.
View this post on Instagram
фото: printscreen/instgaram