Радио Милева „пет минути слава“...?

Девана „и го украде“ шоуто на Северина: Хрватската поп ѕвезда не ни сонуваше, ама затоа македонската пејачка предосети дека ова е добра ноќ… и прилика за нејзина промоција (ВИДЕО)

Девана „и го украде“ шоуто на Северина: Хрватската поп ѕвезда не ни сонуваше, ама затоа македонската пејачка предосети дека ова е добра ноќ… и прилика за нејзина промоција (ВИДЕО)

Еден голем и познат македонски бренд  за видеолотариски терминали и електронски игри на среќа славеше годишнина… Јубилеен роденден на кој беа поканети мноштво гости, меѓу кои и познати лица од јавниот и естрадниот живот  како на пример Лила Филиповска, која не пропушти да танцува на музиката… Поточно, на живата изведба на ексклузивната гостинка која таа вечер ги  забавуваше присутните, мегапопуларната хрватска поп ѕвезда Северина.

А таму каде што ќе згазне нејзината висока потпетица, се мисли онаа на Лила, таму трева не никнува, како што вели и песната на гостинската, ама и водителката самата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Арно ама иако е логично да се очекува, сепак ниту Севе ниту Лила таа ноќ не беа ѕвезди бна вечерта. Можеби на изненадување за многумина, ама една друга македонска пејачка „и го украде шоуто“ на Северина. Барем на кратко…

Хрватската поп ѕвезда не ни сонуваше, ама затоа македонската пејачка предосети дека ова е добра ноќ… и прилика за нејзина промоција, па Девана во првата прилика се „залепи“ за бината и запеа. Тоа го забележе Северина, па и пријде и најпрвин од нејзина рака и дозволи да исе придружи…

Кога слушна дека нејзиното „пеење ќе помине“, Севе ја фати за рака и ја качи на бината македонската пејачка, за неа непозната гостинка.

А штом и се пружи можност, Девана не ја пропушта, па го зграпчи микрофонот и тргна „да ја засени“ хрватската ѕвезда.

Изведбата сосема пристојна или барем и се допадна на Северина, па не само што ја остави Девана сама да пее, туку бргу и пријде, ја гушна и ја бакна како благодарност и комплимент за прикажаното.

Девана „моментите на поделба на славата со поп ѕвездата“ разбирливо  ги споделила на социјалните мрежи.

Ќе биде ли ова доволно како своевидна  „отскочна штица“ за македонската пејачка или се’ ќе остане само на  лична сатисфакциција, никој не може да и даде гаранција?  Беше ли ова прилика за висок домен или само „пет минути слава“ за убав спомен?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ᦔꫀꪜꪖꪀꪖ (@devanainsta)

Зашто и Северина само песните и пеењето не ја направија мегапопуларна, позната и славна… Впрочем, кој знае дали ќе беше ова што е, да не беше јахтата?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ᦔꫀꪜꪖꪀꪖ (@devanainsta)

Фото и видео: Инстаграм/devanainsta

To top