Зарем постои одреден ден да се сакаш и почитуваш кога си со врска или брак? Љубовта би било убаво да биде сеприсутна, а оние специјалните денови назначени како посебни во љубовен контекст треба да бидат само едно мало потсетување.
Току тоа го направи Тијана Дапчевиќ која иако го промаши датумот за Националниот ден на паровите, кој е на 18-ти Август, таа сакаше предвреме да го означи својот сопруг Милан, па и да ги покани своите следбеници да го сторат истото со нивните посилни или понежни половини.
Седнати на чамец двајцата во некоја авантура која претходела, Милан како затечен од фотката, а Тијана насмеана од уво до уво.
Пејачката претходно има изјавено дека нејзиниот сопоруг на сака да се фотографира и медиумски експонира, но кога на Тијана и е таков денот, тоа и се може, а Милан сакал, не сакал ќе биде „уловен“ во кадар.
Инаку, иако имаа премрежја во бракот, се спомнуваше и неверство, Тијана и Милан успеаја да преминат преку силните брачни бранови, па да дојдат и до денови кога љубовта ќе се слави постојано.
Нека е за убаво!
фото:Instagram printscreen/ tijana.dapcevic