Секој ја памети романсата на Деми Мур и Ештон качер, а оттогаш јасно се знае дека таа сака помлади.
Сега била видена во друштво на 27 години помладиот пејач, а ваквата вест ја „разбранува“ јавноста. За работите да бидат уште поинтригантни, таа претходно ја поврзуваа со неговиот брат. Дали овојпат станува збор само за пријателство или нешто повеќе?
Актерката Деми Мур (61), која го украде шоуто на неодамна одржаниот филмски фестивал во Кан, токму на оваа манифестација го сретнала пејачот Џо Џонас, тврдат извори.
„Деми и Џо воспоставија пријателство. Имаат заеднички пријатели и се зближија“, изјавил инсајдер за парот, кој бил забележан на ручек во ексклузивниот хотел „du Cap-Eden-Roc“ во Франција.
Деталите се спротивставени, бидејќи еден извор тврди дека тука има нешто повеќе од пријателство, додека друг инсајдер додава дека не се случила романса. Деми Мур во 2018 година ја поврзуваа со Ник Џонас, кој е во брак со Пријанка Чопра. Тогаш се зборуваше дека се случила љубов и дека ги запознала нејзината ќерка Румер Вилис.
Ѕвездата на филмот „The Substance“ беше домаќинка на „amFAR“ галата во Кан каде Џо се појави како изненадување на сцената со неговиот брат Ник. Тие ја изведоа песната „Cake by the Ocean“, а актерката цело време танцувала на хитот со оскаровката Мишел Јео.
Мур подоцна билa забележана на вечера со Џо, неговиот друг брат Кевин и супермоделот Хајди Клум. Џо Џонас е исто така пријател со стилистот и менаџерот на актерката.
Минатата година пејачот се разведе од актерката Софи Тарнер со која има две ќерки, а неодамна ја раскина врската со Сторми Бри. Деми Мур зад себе го има бракот со Брус Вилис, со кој има три ќерки како и со Ештон Качер.
фото:Instagram printscreen/ demimoore/ You Tube printscreen/ Page Six