Љубов и секс

Дедо Мраз советува: Каква долна облека треба да носат жените за Новогодишната ноќ?

Дедо Мраз советува: Каква долна облека треба да носат жените за Новогодишната ноќ?

Според традицијата, која датира од средниот век, на луѓето не им било дозволено да носат црвена облека, бидејќи бојата се поврзувала со крв, ѓавол, магии и лоши сили. Луѓето без оглед на празноверието сакале да носат црвена облека во текот на ладната зима, затоа што ги асоцирала на љубов и била симбол на сончевата енергија.

Црвената долна облека сега е поврзана со страст, среќа и секс, па затоа носењето црвена долна облека на Новогодишната ноќ не само што може да ви донесе љубов во новата година, туку и многу страст.

Така според легендата, жените кои носат црвена долна облека за време на Новогодишната ноќ, имаат среќа во љубовта следната година, привлекуваат богати мажи или наоѓаат страст во нивните сегашни врски.

 

Има ли подобар новогодишен подарок од љубениот/ата во вашите прегратки, додека пукаат огнометите во 12 часот на 31 декември?! Секако дека нема, но за да ја претворите романсата во жешка страст, можете да го изненадите партнерот во спалната соба, со долна облека дизајнирана во духот на празниците.

Особено ќе биде штосно ако изберете црвена долна облека со натписи  со кои ќе ја пренесете празничната магија.

Затоа ако сакате да имате среќа во љубовта, а воедно да бидете секси и да се чувствувате удобно, побрзајте да си купите црвен долен веш  кој ќе го носите овој вторник во највеселата ноќ, за да ви тргне годината… Онака, господски,  љубовно и еротски!

 

 

To top