Радио Милева „слатки маки“

Дарко Лазиќ ги сумира впечатоците од првите денови со ќеркичката Срна: „Немам храброст за некои работи“ (фото)

Дарко Лазиќ ги сумира впечатоците од првите денови со ќеркичката Срна: „Немам храброст за некои работи“ (фото)

Дарко Лазиќ неодамна го доби третото дете, ќерката Срна, а сега ги сумираше впечатоците и откри каква е неговата сопруга Катарина како мајка и дали и помага да менува пелени.

– Од мене се гледа дека сум се избричил, дека имам подочници, малку сум уморен, не спијам навечер, но ова се некои „слатки маки“. На Каќа и оди многу добро и е многу грижлива мајка, поради што сум многу среќен. Засега, фала богу, се е како што треба. Таа е супер мајка, а знаеш дека сум супер татко, по којзнае кој пат. Уште не менувам пелени, уште немам храброст, бидејќи бебето штотуку се роди, па кога малку ќе зајакне, тогаш ќе го направам, немам проблем да го направам тоа, знам како оди – Лазиќ изјави за Блиц, потсетувајќи се на моментот кога докторот му кажал дека Каќа ќе се породи:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DARKO LAZIĆ (@darkolazicofficial)

-Кога ја добив Лорена работев, кога го имав Алексеј истото, сега првпат со Каќа одевме на редовен преглед, таа воопшто немаше закажан термин. Сепак, докторот рекол: „Тато може слободно да си оди дома да си ги земе работите на мама, мама останува, таа денес се пораѓа“. На пат кон дома промашив правец. Заминав за Ниш, наместо во Сремска Митровица. Само што бев погубен во тој момент.

Дарко и Катарина ја доживеаја таа младешка љубов и после долги години, кога и двајцата поминаа низ многу искуства и созреаа, повторно се сретнаа и стапија во брак.

– Јас и Каќа имаме навистина убава љубовна приказна, ова е вистинска, вистинска љубов која трае многу долго. Некаде пишуваше дека така мора да биде, верувам во тие работи, верувам во љубов.

Неговите деца, синот Алексеј и ќерката Лорена ја запознале нивната помала сестра Срна, а пејачот откри како поминала средбата:

– На Алексеј сè му е интересно, мал е, за мене е уште бебе, мислам дека се уште не разбира што е тоа, а Лорена знае се’ и прашува: „Ќе треба пак да го чувам бебето?“ . Сите се одлични. Срна личи на мене. Каќа само вели: „Родив ќерка која личи на тебе“. – открива Лазиќ

фото:Instagram printscreen/ darkolazicofficial

To top